Голема полициска акција во Србија, пронајдени три милиони евра во буриња

Српската полиција уапси 13 лица кои се дел од балканскиот картел – најголемата организирана криминална група во Европа која шверцувала кокаин од јужноамериканските земји, а при претрес на станови и други простории е пронајдено големо количество оружје и 2,7 милиони евра спакувани во буриња.

Запленети се поголеми суми пари во девизи, а пронајдени се и скапи часовници.