Голема операција на МВР: Приведени 10 лица кои биле дел од криминални банди
Foto

Голема операција на МВР: Приведени 10 лица кои биле дел од криминални банди

13 лица се лишени  од слобода во голема полициска акција на неколку локации во Скопје. Големата опрација траеше до доцните попладневни часови а со не биле опфатени дури 34 различни локации во Скопје.

Од МВР информираат дека операцијата била со цен сузбивање на криминални банди поврзани со нелегално поседување и трговија со оружје, дрога но и криминалци кои преставувале закана за околината.

„Извршени се претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела.“  изјави Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер во МВР.

Дел од приведените учесвувале и во вооружениот инцидент кој пред неколку дена се случи во хотелот Александар Палас.

Од МВР информираат и дека се работи за лица од кои дел се товарат за предизвикување општа опасност и загрозување на сигурноста на службено лице а дел за трговија со дрога и оружје.

Акцијата на полицијата започнала синоќа кога биле уапсени две лица, едниот за трговија со дрога, а другиот кој се барал по потерница за издржување на затворска казна.

0 Коментари

Остави коментари