Голема е конкуренцијата за Оскар за политичка глума

Шегите за политичарите, во последно време, не го смеат многу народот, вели актерот и стенд ап комичар Бојан Кирковски. Не се смеат толку често на политичари, и не знам дали е тоа од страв или од тоа што им е дојдено преку глава, ама мислам дека повеќе се смеат на шеги за секојдневниот живот, додава актерот во интервју за Радио Слободна Европа.

Имаме доста политичари кои би можеле да добијат Оскар. Можеби би можел да ја издвојам последната градоначалничка и сиот сообраќаен хаос кој ни се случува во градот (Скопје) и овој „прекрасен воздух“ што го дишеме. Во конкуренција за Оскар влегуваат и Министерство за образование, Министерство за здравство, судството. Сигурно би било по награда за харизматичен лажго, награда за брутален лажго, награда за „искрен“ лажго, награда за странски лажго, потоа за лажго од странско говорно подрачје. Тука има многу жанрови, од време на време имаме акциона демократија, од време на време имаме хорор демократија. Комплицирано е мислам дека треба да седнеме и убаво тоа пак да го разгледаме. - вели актерот и стенд ап комичар Бојан Кирковски.