Голем пожар во зграда во центарот на Сиднеј

Австралиски пожарникари се борат со голем пожар во повеќекатница во центарот на Сиднеј.

Припадници на итните служби го оградија подрачјето околу објектот и засега нема информации за повредени или загинати лица.

Покрај зградата, во пламен се и најмалку два автомобила.