Голем пожар во Визбегово
Густ чад се шири низ дел од Скопје откако попладнево голем поѓар избувна во скопската населба Шуто Оризари. Пламените јазици избувнаа во склад за отпад.
Чадот Беше видлив од целиот град , што предизвика вознемиреност осо кај жителите во околината. На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола и да спречат негово ширење.
Од Центар за управување со кризи информираат дека интервенцијата е во тек и дека засега нема информации за повредени лица.
ЦУК.
- На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила. Дополнителна опасност е избегната бидејќи плацот каде избувнал пожарот е ограден со ѕидови.
Пожарот се гаси од земја, со вода и механизација која е на располагање, Поради запалливиот материјал интервенцијата се одвива отежнато, а огнот сè уште не е локализиран.
Првиот човек на Скопје Ѓерѓиевски Скопје најави одговорност посочувајќи дека нема да се толерира несовесно однесување и создавање диви депонии што го загрозуваат јавното здравје и животната средина.
Орце
- Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство. Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби. Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба.
Ова не е прв ваков случај – пред околу девет месеци пожар избувна и на отпад за старо железо во Визбегово. Ова не е прв ваков случај – пред околу девет месеци пожар избувна и на отпад за старо железо во визбегово, според неофицијалните информации станува збор за истите газди но овој пат имале дозвола за управување со отпад.

