Голем пожар во близина на Струмица
Голем пожар беснее во близина на градот Струмица, кој се наближува до месноста Софилари. Мобилизирани се сите пожарникари од Струмица кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и другите објекти.
Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови. Мобилизирана е и струмичката полиција.
Директорот на Центар за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов објасни дека пожарот е настанат на стрниште, но дека силниот ветер го отежнува и го оневозможува гаснењето.
- На терен се екипите на ТППЕ Струмица, Радовиш, Валандово и на Богданци. На терен е и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Јас во моментов сум на пат кон Струмица – изјави Ангелов.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот почнал да се шири и кон патот Струмица-Радовиш, во правец на селото Василево.