Голем број верници ќе скокаат по светиот крст во Охридското езерo, температурата на водата е 8°c
Масовен интерес кај верниците.Само досега се пријавиле околу триста капачи од Охрид но и целата држава за празникот Богојавление - Водици кога светиот крст ќе биде положен во водите на Охридското Езеро.
Годинава за првпат манифестацијата ќе ја води новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија Георгиј. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе се фрла во 10 часот додека претходно Богослужби ќе има во сите парохиски цркви.
Температурата на водата во езерото е 8°C
степени.За капачите ќе се грижат 5 медицински тимови на Црвениот крст и две амбулантски возила,5 тимови на спасители и три нуркачи екипи. За градот Охрид прославата на Водици е еден од најмасовно посетените настани.
Изминативе денови јавните претпријатија го чистеа пристаништето,се чистеше и езерското дно од страна на нуркачите, а медицински тимови ќе вршат здравствени прегледи на капачите.Апелот до сите граѓани кои сакаат да влегуваат во водите, е тоа да го прават само доколку се потполно здрави.
Најважно е капачите да не конзумираат алкохол пред влегувањето, да носат соодветни обувки за внатре и веднаш после излегувањето од водата да имаат топла сува облека за облекување.

