Голден Стејт подобар од Хјустон во дербито на Западот
Foto

Голден Стејт подобар од Хјустон во дербито на Западот

Клеј Томпсон постигна 30 поени, а ДеМаркус Казнс нанижа рекордни сезонава 27 во победата на Голден Стејт со 106:104 над Хјустон во дербито на Западната конференција.

Така „воините“ ја сопреа серијата од 9 последователни победи на Хјустон, но и двата тима се на чело на своите дивизии, а Голден Стејт ја предводи и целата Западна конференција.

Иако играа без повредената ѕвезда Кевин Дурант, гостите од Сан Франциско брзо ја презедоа иницијативата, покажувајќи како поразот од Феникс ден порано не им влијае. Домаќините заостануваа со 14 поени во почетокот на четвртиот дел, но со тројка на Крис Пол тие намалија до -1 на 10,8 секунди пред сирената.

Стеф Кари беше фаулиран и реализираше два поени од слободни за 106:103 на 6.4 секунди пред крајот, а Џејмс Харден беше фаулиран во следниот напад. Тој постигна само еден од двата „пенали“, Андре Игуадала ја освои топката и шампионот забележа победа.

Харден го заврши натпреварот со 29 поени, 10 асистенции, но со само два прецизни од 12 обиди од тројка.

Кари заврши со 24 поени за Голден Стејт.

Резултати од НБА:

Вашингтон – Орландо 100: 90

Оклахома Сити – Бруклин 108: 96

Мајами – Детроит 108: 74

Атланта – Мемфис 132: 111

Хјустон – Голден Стејт 104: 106

Феникс-Јута 97: 114

 

Лидери по дивизии:

 

Источна конференција

Атлантската дивизија: Торонто – 48 победи / 20 порази

Централна дивизија: Милвоки – 51/17

Југоисточна дивизија: Мајами – 32/35

Западна конференција

Северозападна дивизија: Денвер – 44/22

Пацифик дивизија: Голден Стејт – 46/21

Југозападна дивизија: Хјустон – 42/26.

0 Коментари

Остави коментари