Гоџо за ТВ 24: Европскиот суд за човекови права дебатирал за помилувања само во осум случаи
Адвокатот Александар Гоџо кој има работено на десетици предмети во судот во Стразбур во емисијата 24 Отворено рече дека Европскиот суд за човекови права по негова статистика дебатирал за овие прашања само во осум случаи.
- Не секогаш директно се обраќал на конкретните случаи, тоа го прави само во еден случај, Лекса против Словачка и овој предмет нема да биде лесен за судот. Тој ќе го земе поширокиот контекст на самиот феномен на помилување кој е познат од минатото. Спорно во овој случај е дали тие помилувања се отповикани со времето и создаваат проблем околу концептот на правната сигурност. - рече Гоџо.