Годишно собрание на МАНУ – пораки за реформи во судството, големи жртви на патот кон ЕУ

Во присуство на кругот на академици односно членовите на МАНУ  , поглаварот на МПЦ  претседателот на ЗЕЛС  но без претседателката на државата и премиерот со едноминутен молк во чест на жртвите од пожарот во Кочани МАНУ го почна  и одржа годишното собрание. Клучните пораки срочени во 18 страници  од говорницата ги испрати претседателот на академијата Живко Попов  кој се осврна на политичката состојба во земјата укажувајќи дека Европскиот пат кој е единствена  права и реална опција  повторно е ставен пред испит и покрај тоа што земјата премногу направи а повеќе од тоа да се направи како што рече губи секаква смисла но им понуди конкретен предлог на официјална Софија односно предвидено одложено дејство за солидна основа за компромис . 

Попов не пропушти прилика да забележи на долгогодишната како што рече политизација на институциите особено во сверата на судството и порача партиите да ги тргнат рацете од таму. Го охрабри Уставниот суд да донесе уставна и темелна одлука и во врска со прашањата кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор кои и после толку години отвараат низа полемики  во јавноста за тоа дали има или не евентуална злоупотреба на Законот за јазиците и примената на балансерот .

Меѓу темите на кои стави акцент во своето обраќање првиот човек на МАНУ беше и здравството предлагајќи  изработка на конкретен план за борбата против малигните заболувања и унапредувањето на најсовремените технологии  во медицината за онколошките пациенти , не пропушти прилика да да и се заблагодари на владата за соработката и помошта но и да ја потсети дека ниските неусогласени плати  кои претходно ги имаа треба да останат во минатото .