Годишно собрание на МАНУ

Уставни измени со одложено дејство за влез во ЕУ е добар владин предлог а од стратешкото партнерство со САД земјата може и треба да очекува бенефит и на патот кон нејзините евроинтегративни процеси кои се блокирани од источниот сосед порача првиот човек на МАНУ Живко Попов на свечената седница по повод 59 годишнината од формирањето на академијата . Академик Попов осврнувајќи се и на актуелните глобални случувања пред кои е исправен светот како што се војната во Украина но и случувањата на Блискиот Исток вели се сериозен аларм дека земјата мора да го најде своето безбедно место во светот .

Осврнувајќи се пак на домашните општествени предизвици Попов во своето експозе пред присутните ја нотираше и како што рече партизацијата на дел од институциите но и недовербата во правосудниот систем укажувајќи и на загрижениоста за имплементацијата на реформските закони кои се носат во склад со евроинтеграциите а кои се важен дел во отварањето на поглавјата . Попов додаде дека има и добри закони но и слаба имплементација .

Во говорот од 23 страници академик Попов се осврна и оваа година на научните достигнувања и реализираната програма, но даде свое гледиште и на повеќе области во делот на образованието укажувајќи на преголемата бројка на универзитети кои се отвораат на толку мала држава , третманот на македонскиот јазик, здравството и предизвиците со кои се справува овој скетор . 

Пораките на првиот човек на МАНУ не ги слушна премиерот Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Дафкова кои не беа присутни на седницата на 59 годишнината од МАНУ. Меѓу присутните пак беа поглаварот на МПЦ Г. Г Стефан, Претседателот на собранието Африм Гаши, Министерката за образование Весна Јаневска , скопскиот градоначалник Орце Ѓоргиевски и поранешните претседатели на МАНУ Владо Камбовски и Таки Фити .