Годишниот трошок за едно дете достигнува и до 200.000 денари
Од 150 000 до 200 000 денари годишно им се потребни на родителите за основните и редовни потреби за само едно дете. Ова го покажа новата анализа на Центарот за еднаквост и правда направена со испитување на 650 родители на деца од различни возрасни групи.
Според податоците од анализата, на родителите со бебиња и тинејџери им се потребни најмногу финансиски средства за да им обезбедат квалитетен живот на своите деца. За деца до 2 годишна возраст трошоците се околу 166 000 денари, за деца од 2 до 6 годишна возраст , пак, сумата е околу 148 000 денари.
Родителите кои имаат деца во основно училиште на годишно ниво им се потребни 150 000 денари, додека родителите на средношколци пак трошат 190 000 денари. Покрај редовните трошоци, анализата покажала и дека родителите имаат и многу скриени трошоци.
Во однос на скриените трошоци направивме пресметка, хигиентските материјали кои се користат 500 денари месечно, за униформата пресметавме дека 1500 денари годишно плаќаат. Во однос на книгите кои се од прилика 500 денари, тука вклучуваме и материјали за почеток на учебна година кои беа околу 2000 денари.Кај тинејџерите имаме трошоци за електорнски уреди кои ги користат.
Професорката на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Катерина Шапкова Коцевска, рече дека еден од поглавните фактори за тоа колку ќе изнесуваат трошоците на родителите за нивните деца зависи од бројот на членовите на семејството но и од редовните потреби на детето поврзани со образовен процес но и елементарен социјален и културен живот.
Податоците покажуваат дека во принцип трошоците варираат во зависност од бројнота на челновите на семејството, во зависност од потребите на детето, во зависност од местото на живеење. Во просек од нашиот примерок излезе дека трошоците за најмалите деца и највозрасните деца се најсериозни. На родителите на бебињата и тинејџерите им се потребни најмногу финансиски ресурси.
Во анализата Трошоци за одгледување деца во Македонија: реалност, предизвици и препораки, опфатени се и примери од земји одд Европската унија како Германија и Словенија кои според истражувачите даваат позитивен пример како државата може да им помогне на родителите.

