Годишнина на Телекабел – 28 години од почетокот на демонополизација на телекомуникацискиот пазар
Падот на цените во телекомуникациските и интернет услуги како и демонополизирањето на овој пазар – почна пред 28 години. Се поклопува со годишнината на Телекабел – една од водечките кабелски мрежи во овој сектор.
На денешен ден пред 28 години Телекабел го направи првиот приклучок на кабелска телевизија Во Македонија. Од тогаш за овие 28 години компанијата бележи континуиран раст поставувајќи сопствена мрежа во 17 градови во Македонија.
Нудејќи квалитетна услуга за многу пристојни цени оваа компанија низ годините допринесе да падне монополот од големите телекомуникациски компании и достапност на телекомуникациските услуги скоро во секое семејство во државата за што говорат и европските истражувања со што високо ја рангираат Македонија меѓу државите кои имаат највисок број на домашни интернет корисници.
Следејќи ги најсовремените трендови во својата сфера, Телекабел последните години постојано инвестира во промена на сопствената коаксијална мрежа која ја заменува со нова оптичка мрежа. Велес е првиот град во Македонија каде е целосно е исклучена коаксијалната мрежа на Телекабел и целиот град е приклучен на оптика!
Телекабел е единствениот телекомуникациски бренд со 100% македонски капитал и за сите овие 28 години работи без обврзувачки договор, што само по себе зборува за квалитетот на услугите и нивото на посветеност на сите вработени во Телекабел. Сите канали вклучувајќи ги и премиум каналите Арена Спорт во Телекабел се без доплата.