Годишна прес-конференција на Путин 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи годишната прес-конференција, позната и како „директна линија“. Прес-конференцијата ќе биде комбинирана со телевизиски пренос, при што граѓаните ќе можат телефонски да разговараат со претседателот.

Двата формати беа комбинирани за првпат во 2020 година, а трендот конечно се зацврсти минатата година.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека ова се случило бидејќи Путин нема многу слободно време.