Годишна изложба на дела од учениците од СУГС „Орце Николов“

Завршната  училишна ликовна  изложба на учениците од трета и четврта година од СУГС Гимназија "Орце Николов" во Скопје ќе се отвори на 6.6.2023 (вторник) во 19 часот во Младинскиот културен центар - МКЦ. Ќе бидат изложени дела изработени во различни техники - од традиционални до дигитални.

Изложбата традиционално се организира на крајот на секоја учебна година и има за цел да се изложи креативниот труд на учениците, нивната инспирација и идеите карактеристични за нивната генерација. На овој начин нивните дела излегуваат од училишната зграда за да се претстават на јавноста во простор или галерија на културните институции. Со тоа на некој начин се прави соработка меѓу образовните и културните чинители.

Оваа изложба е особен поттик на учениците да се изразат во областа која најмногу им "лежи" - визуелните уметности.

Делата на учениците ќе бидат поставени во галерискиот простор ка Кино „Фросина“ во МКЦ, а изложбата ќе биде отворена до 13 јуни.