Годишен ревизорски извештај

116 милиони евра толку тежат неправилностите по направени 68 ревизии со кои биле опфатени 136 субјекти, а кои ги утврдиле државните ревизори во годишниот извештај. Предмет на ревизија биле 136 објекти.

Најмногу неправилности се регистрирани во делот на договорите за јавни набавки кои изнесуваат приближно 96 милиони евра, потоа реализација на склучените договори за јавни набавки, неправилности при подготовка на тендерската документација, понудата.

Според Ацевски во 2021 година се спроведени и три ревизии кои се однесуваат на мерките и политиките на Владата во делот на спроведување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

На 19 јули во Собранието државниот завод за ревизија ке го презентира годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на државниот завод за ревизија.