Годишен одмор не можат да си дозволат 55 отсто од Македонците
Над половина од Македонците не можат да си дозволат една недела годишен одмор, покажуваат податоците на Евростат. Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава.
Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција, Романија, Црна Гора и Косово.
Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто од населението.