Годинава немаше заедничко чествување на Гоце Делчев

Бугарската страна е таа која прва не го испочитува договорот за добрососедство. Ова е одоговорот на премиерот Христијан Мицковски на реакција на бугарското МНР, дека немало заедничко чествување за роденденот на Гоце Делчев, затоа што Владата во Скопје не покажала желба, подготвеност и покана за денешниот настан.

Премиерот Мицковски смета дека на процесот на уставните измени треба да му се даде шанса. По било која цена како што посочи - немаме намера да удираме со главата во ѕид и да потпишеме се што ќе ни се стави на маса.

Лидерот на опозициската СДСМ пак очекува владата да го исполни ветувањето и да обезбеди подобра преговарачка рамка со ЕУ

- Како Влада работиме да обезбедиме подобра преговарачка рамка од таа што ја остави СДСМ и никогаш не сме ветиле дека тоа ќе го сториме за неколку месеци, одговори Мицковски.

Нашиот мандат е 4 години. Ќе се бориме да имаме подобра позиција и да го вратиме тоа што претходната власт го распродаде, дополни премиерот.