ГН на Велика Британија: Верстапен ја освои 44. полпозиција во кариерата
Актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен постигна најбрзо време на денешните официјални квалификации за трката за Големата награда на Велика Британија која в недела ќе се вози на патеката Силверстоун.
За Верстапен ова е 44 полпозиција во кариерата, оставајќи ги зад себе во квалификациите двајцата возачи на Мекларен. До него во првиот ред ќе стартува Оскар Пјастри, додека Ландо Норис ќе стартува од третата позиција.
Четвртото место во квалификациите го освои Британецот Џорџ Расел од Мерцедес, додека петтото и шестото место ги освоија возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер.
Големата награда на Велика Британија ќе се вози утре со почеток во16 часот.
Во генералниот пласман во Формула 1 води Пјастри со 216 бодови, пред неговиот клупски колега Норис (201), додека бранителот на титулата Верстапен е третопласиран (155).