ГН на Саудиска Арабија ќе биде прекината во случај на безбедносна закана
Foto

ГН на Саудиска Арабија ќе биде прекината во случај на безбедносна закана

Властите во Саудиска Арабија соопштија дека денешната трка во Формула 1 ќе биде прекината доколку постојат безбедносни закани за натпреварувањето, откако јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, нападнаа вчера резервоари со нафта во близина на патеката во Џеда.

- Ако постои закана бидете сигурни дека ќе ја откажеме трката, но нема закани и за тоа разговаравме со сите, изјави саудискиот министер за спорт, принцот Абдулазиз Бин Турки Ал – Фајсал.

„Секако дека општата безбедност е поголем проблем отколку самото организирање на трката, дури и ако станува збор за Формула 1, така што безбедноста на градот, безбедноста на кралството е главен приоритет“, додаде саудискиот министер.

Јеменските бунтовници вчера објавија дека ги прекинуваат ракетните и нападите со дронови во следните три дена.

0 Коментари

Остави коментари