ГН на Франција: Верстапен прв низ целта пред Хамилтон
Foto

ГН на Франција: Верстапен прв низ целта пред Хамилтон

Холандскиот возач Макс Верстапен од тимот на Ред Бул триумфираше попладнево на Големата награда на Франција, седмата трка од годинешното издание на светското првенство во Формула 1.

За Верстапен ова е трета победа сезонава и вкупно 13-та во кариерата. Второто место го освои актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес), додека трет низ целта мина Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул).

Иако веќе во вториот свиок на патеката го загуби водството, Холанѓанецот успеа на крајот да го порази Хамилтон, благодарение на извонредното возење и добрата тактика на Ред Бул, а до победата дојде откако на еден и пол круг пред целта успеа да го мине актуелниот светски првак.

Трката на патеката „Пол Рикар“ се одржа во присуство на 15.000 гледачи со што го доби приматот на најпосетен спортски настан во Франција од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Со денешниот триумф, Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега води со 131, додека Хамилтон е втор со 119 бодови.

Следната трка е идната недела на Ред Бул Ринг во Шпилберг, за Големата награда на Штаерска. 

0 Коментари

Остави коментари