Глобален протест против климатските промени
Foto

Глобален протест против климатските промени

Од неколку скопски средни училишта, учениците во мал мал број, но со моќна порака дека немаме друга планета затоа треба да ја спасиме, се придружија на глобалниот марш за климтска правда насловен „петок за иднината “кој се одржува во повеќе од илјада градови низ светот. Протестот пртив загадувањето и климатските промени кој почна од пред зградата на Минисерството за екологија и завврши пред Владата има за цел да ја подигне еколошката свест и кај малдите, но и повозрасните. Активистите ги повикаа и професорите и наставницте да се приклучат кон оваа иницијатива и да ја извршат нивната просветителска мисија. 

Учениците од протесниот марш ги повикаа своите врсници да бидат активни во борбата за намалување на загаденост, но и влијателни во носењето на владините одлуки против аерозагадувањето кој диретно влијае врз здравјето на луѓето Првиот светски климатски протест кој се одржува денска и во светот е инспириран од штрајкот на швеѓанката Грета Тунберг, која од минатата година, секој петок наместо на училиште одела пред канцелариите на владата. 

Македонија од денекса влегува во мапата на држави од Европа кој секој петок се одржува протесен марш за климатска правда. Во Белгија министерот за екологија поднел оставка после излегувањето на дваесет илјади седношколци на протестот.

0 Коментари

Остави коментари