ГЛАВНАТА ПРОСЛАВА ЗА ВЕЛИГДЕН ВО МОСКВА И ЕРУСАЛИМ

Голем број на жители на Русија присуствуваа на Велигденска литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва која ја држеше патријархот Кирил...Ова е најголемиот христијански празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, им порача патријархот на верниците...

„Човековата култура стравува од она што нè очекува од другата страна на земниот живот, односно од што ќе ни се случи по смртта. Тоа сè уште е тајна и нерешено прашање за неверниците. Сепак, ние христијаните не се плашиме од одговорот, бидејќи ја славиме победата на Христа над смртта.“ - изјави Патријарх Кирил.

Меѓу присутните на литургијата беа и рускиот претседател и премиер Владимир Путин и Дмитриј Медведев....

A под големо полициско обезбедување, повеќе од 30 илјади верници го прославија Велигден во Ерусалим...Со свеќи во рацете, голем број на аџии се собраа во црквата на Светиот гроб а илјадници луѓе ги исполнија околните улици по повод традиционалниот ритуал кој ја симболизира вечноста...Верниците минувале низ улиците на стариот дел од Ерусалим следејќи ги чекорите на Исус... Многумина носеле крстови, а некои и круни од трња на главите....Голе обезбедување имаше и за време на прославата.