Гласот на студентите не се слушна докрај
Со 58 гласа „за“ и 21 „воздржан“ Собранието ја изгласа измената на Законот за субвенциониран студентски оброк.
Се предвидува до 15 март идната година на секој студент да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно. Не помина предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, да се зголеми од 120 денари на 160. Седницата ја одбележа препукувањата на релација СДСМ - ВМРО -ДПМНЕ.
Студентите со реакција за денешниот изгласан Закон за субвенциониран студентски оброк.
На вчерашниот марш, студентите- покрај зголемување на студентскиот оброк, како најприоритетно барање го издвоија подобрувањето на хигиената во студенсткиот дом „Стив Наумов“, едниот блок од студенскиот блок „Пелагонија“.
Побараа да бидат изземени од антикризните мерки како и израмнување на сумата на стипендиите, согласно измените од последното покачување на стипендиите.