Гламчевски: Да немаме големи очекувања од француското претседателство на ЕУ
Француското претседателство на ЕУ ги крена очекувањата за Македонија и почеток на преговори, со оглед на фактот што Макрон во последните изјави беше прилично наклонет кон Македонија, за разлика од претходната година.
Но, она што е проблем пред Макрон се изборите и нерасположението на француските гласачи за зборот проширување - тој збор е она што тие не сакаат да го чујат и тоа му ги затвора можностите на Макрон, анализира гостинот во вестите Тони Гламчевски од Париз.