Гир: Реформи мора, сеедно која партија е на власт

Македонија е на добар пат, скрининг-процесот покажува одлични резулати, амбициозниот план на вледата за влез во унијата до 2030 е само поголем мотив земјата  заеднички со сите политички субјекти  да се залага за исплнување на реформите, ова денеска во Собранието на Македонија на Петтата пленарна сесија на национална конвенција за ЕУ го кажа евроамасадорпт Дејвид Гир. Тој кажа дека е разочаран од случувањата во судството, прашува и зошто не се проследуваат препораките на Антикорупциска.  

За проблемите во судството со кои земјата веќе подолг период се соочува, за чија брза реформа апелираше и еу, се дискутираше на пленарната сесија. министерот Никола Тупанчевски кажа дека нациналната конвеција секогаш била таа која не ги штедетла кога укажувала со конструктивна препорака. 

Претседателот Стево Пендаровски пак порача дека промените или реформите во држават не треба да ги првиме само за да ги задоволиме европските бирократи, туку и фундаментално да го промениме нашето општетство и работата на нашите институции . 

Заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД Ерик Мејер, истакна дека Македонија ја  има поддршката од САД за членство во ЕУ унија, но ги повика и граѓаниските организации активно да бидат вклучени во процесот на преговори. 

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски, изрази жалење дека Македонија во 2008 та прв пат добила препорака за да започне преговори, но еве и во 2022, земјата за жал како што вели  се уште не ги почнува преговорите и според него  националниот совет е надвор од својата полна финкција. 

Со пленарната сесија се заокружува петгодишниот циклус од работењето на Националната конвенција, која досега на 44 одржани сесии усвои над 500 препораки и вклучи над 2000 учесници кои ги претставуваа релевантните институции, граѓанските здруженија, бизнис секторот, академската средина, синдикатите и организациите на работодавачи во пет работни групи од поглавјата за правосудство, правда, земјоделство, социјална политика и животна средина.