Гир: Партиите да понудат јасен избор на електоратот за да се спречи поларизација и дезинформации
Многу од приоритетите на белгиското претседавање се важни и во Северна Македонија, како на пример справувањет со зелената транзиција, владеење на правото, социјалната транзиција порача вчера Евроамбасадорот Дејвид Гир.
Рече и дека дека треба да се спречи поларизацијата и да се работи на мирни, колаборативни изборни процеси што ќе бидат една успешна сторија, без разлика кој ќе победи на изборите.
„Наративот е да имаме добри демократски избори во Северна Македонија. Минатото изборно досие е многу успешно и се надеваме дека различните политички партии и различните кандидати ќе понудат јасен избор на електоратот. Апсолутно треба да се спречи таа поларизација и дезинформации и да работиме на мирни, колаборативни изборни процеси што ќе бидат една успешна сторија, без разлика кој ќе победи на изборите.“- рече Гир.
Белгискиот амбасадор во Северна Македонија, со седиште во Софија, Фредерик Мерис, на вчерашниот настан во Европска куќа (Еuropa House), во организација на Европското движење, ги презентираше приориетите на белгиското претседателство со ЕУ, меѓу кои, како што посочи тој, посебен акцент ќе се стави и на проширувањето.
„Белгија е убедена во стратешката важност на проширувањето. Исто така е убедена дека тоа е процес заснован на заслуги, којшто бара и реформи. Но исто така, во текот на нашето претседателство, сакаме да постигнеме некои резултати во однос на проширувањето, сакаме да имаме преговарачка рамка со Украина и Молдавија, како и меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, како и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора.“ - рече Мерис.
Евроамбасадорот Гир рече и дека секое одлагање на евроитегративниот пат на Северна Македонија има последици по земјата и по регионот и посебно се ризикуваат досегашните достигнување на земјата во коишто меѓународната заедница инвестираше.