Гир: Некои од измените на Кривичниот законик носат ризик за намалување на неказнивоста
Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска порача дека Европската комисија веќе изрази загриженост дека некои од измените на Кривичниот законик носат ризик за зголемување на неказнивоста, и додаде дека кривичните дела треба да бидат адресирани на вистински начин.
- Европската комисија имаше неколку забелешки. Прво изрази загриженост за употреба на европското знаменце на овој начин за да го забрза допнесувањето на некој закон со што се скратува можноста за јавна дебата во земјата. Комисијата исто така изрази голема загриженост дека некои од амандманите на законот се ризик за зголемување на неказнивоста. - рече Гир.
И додека владата засега не реагира на забелешките на Европската комисија и на САД за измените на кривичниот законик, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повтори дека намалувањето на казните не е дел од договор со опозицијата за гласање на уставни измени, туку законите се сменети за потребите на власта.
Вчера Врховниот суд се огласи и кажа дека од страна на Министерството за правда не биле доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес.
Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, соопшти Врховен суд.