Гир и Прескер за ТВ 24: Патот до ЕУ не е лесен, новата влада да покаже силна заложба за европската иднина

Македонија да го продолжи патот кон ЕУ. Да продолжат реформите, новата влада да покаже силна заложба за европската иднина на земјата, порача вечерва евроапбасадорот Дејвид Гир. Тој во изјава за ТВ 24 исткна дека ЕУ сака да соработува со сите политички партии кои ќе ги одржуваат и унапредуваат евроинтегративните процеси на државата.

Од друга страна пак амбасадорот на Република Словенија во Македонија Грегор Прескер и порача на новата влада дека треба да го следи примерот на неговата земја кога треба да се направат некои отстапки и жртви за да се стане член на Eвропската унија. Со Гир и Прескер, разговараше колешката Енџи Николовска