Гир: Годишнината од раѓањето на Гоце Делчев треба да се одбележи во духот на добрососедските односи

Со уставните измени  нема промена на суштинската природа на Уставот, не се допира во идентитетот на земјата или нејзините суштински интереси.- вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

Македонија вели  веќе има добри резултати на меѓуетнички односи. Очекува одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев  да  биде можност за двете земји за  дијалог и зголемено меѓусебно разбирање и почит.