Гир: Ги поттикнувам пратениците од овој дом да дејствуваат со политичка одговорност
Пратениците да понесат политичка одговорност, промената на Уставот е важен чекор кон ЕУ, порача денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.
Пред Националниот Совет за Евроинтеграции, за време на презентирањето на приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ, Дејвид Гир порача дека уставните измени се суверена одлука, но, со нивното усвојување автоматски, без вето ќе се оддржи втората меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ.
- Важно е да се има отворена дебата за ова прашање, да се фокусирате што лежи во залог, да не се разговара за стравовите од минатото и анксиозноста за иднината. Ги поттикнувам пратениците од овој дом да дејствуваат со политичка одговорност и да ги стават националните интереси на прво место за да ја обезбедат насоката на оваа земја во ова клучно време, проценувајки ги можностите кој стојат пред нив и ризиците од задоцнувањето. - изјави Гир.
А амбасадорот на Шпанија, Лозано Гарсија, порача дека официјален Мадрид стои зад Скопје и ќе биде ветер во грб на земјава за време на преговорите со ЕУ.
- Отворањето на пристапните преговори минатата година во јули беше најважен чекор. Но има и други важни очекувања, а за тоа во тековниот семестар. Во овој контекст ја тврдам поддршката на Шпанија за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. - изјави Луис Лозано Гарсија.
Но, власта и опозицијата останаа на старите ставови. Едните повикаа на избори, другите на промена на уставот.
- Уставните измени, нив ги нема. Помина, колку време, предложете го, предлогот го нема, не знам каде е заглавен, предложете го да почне да се дискутира, процедурално. Меѓутоа не можеме однапред ние да гарантираме дека ќе гласаме вака или поинаку. - изјави Гордана Силјановска Дафкова ВМРО-ДПМНЕ.
- Мораме да гледаме напред. Јас сум убедена дека и во бугарското општество ќе се надминат одредени ставови, кои имаат далечни корени во историјата и дека конечно во 21 век мнема да говориме за национализми и шовинизми. - изјави Снежана Калевска Ванчева СДСМ.
Опозицијата ја критикуваше и транспарентноста на скрининг процесот на Македонија со ЕУ. Порачаа дека се информираат од медиумите. Евроамбасадорот Гир, пак , се осврна и на реформскиот процес. Порача дека ЕУ не е задоволна од реформите особено тие кои се потенцирани во кластерот 1 и дека тоа не го очекувале од земја која треба да почне да преговара.