Гир: Евидентно е премногу силно партиско влијание во одредени делови од администрацијата

Се спојуваат пазарниот и инспекторатот за техничка инспекција, Фондот за иновации и Агенцијата за претприемаштво. Агенците за странски инвцестиции, за енергетика и за нафтени резерви се припојуваат кон Дирекцијата за индустриски зони.

Од осум институции ќе останат само три. Реорганизацијата на министерскиот систем почнува од Министерствто за економија. Запрашан дали кратењето се однесува и на бројот на вработени, првиот човек на индустриските зони Јован Деспотовски чија институција е меѓу првите кои се реорганизираат, вели дека тоа ќе се случи, но на среден рок.

Земјава има прегломазен државен апарат, па многу пари од буџетот непотребно се трошат на него. Ова е една од најкритикуваните области во речиси сите извештаи на Европската Унија, со чија поддршка почнува реализацијата на проектот за рационализација на јавниот сектор.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир администрацијата треба да се прилагоди на актуелните потреби и да ги следи промените во светски рамки. На Македонија и треба стручна, независна и професионална, а не партизирана јавна администрација, вели Гир.

За плати на администрацијата годинава е предвидено да се потрошат 567 милиони, од проектираниот буџет од 4,5 милијарди евра. Според многу експерти, тоа се непотребно многу потрошени пари, кои можат да се пренасочат за други капитални инвестиции, кои на земјава ќе и донесат поголем економски раст.