Германските инвеститори ја оценија владата со нула, се фокусирала на надворешна политика ја заборавила економијата
Foto

Германските инвеститори ја оценија владата со нула, се фокусирала на надворешна политика ја заборавила економијата

Владата доби оценка нула од германските инвеститори во земјава. Ниту една од над 200 компании, не се задоволни од работата на Владата. Сметаат дека фокусот на надворешната политика, ја стави во заден план економијата. Позитивни оценки добија само работниците, бидејќи биле подготвени да работат и да ја зголемат продуктивноста.

„Оценувањето на работата на актуелната влада, значи ниедна компанија не рекла добро. 49 процентирекле задоволително, 46 проценти рекле лошо, а 5 проценти немаат мислење во врска со ова“- изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство

56 проценти од инвеститорите за економската состојба лани дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти. Дури 76 насто од компаниите пак би инвестирале тука, а дури 61 процент сакаат како платежно средство во земјава да се воведе еврото. Клучни проблеми и понатаму остануваат недостигот на стручен кадар, недовербата во судството, неефикасната администрација, даночните оптоварувања и непредвидливата политика кон стопанството. Негативна оценка доби и даночната реформа. Германските инвеститори замеруваат дека за борба со криминало т корупцијата и за независнт на судството постои само добра волја.

Луѓето едноставно се чувствуваат „еј не знам дали адвокатот е на моја страна или на нечија друга страна“. Значи некој рекол тој е за друга страна и тоа доведува до несигурност. Има и тендри на кои се поставува прашањето која е целта на самиот тендер. Претпријатијата кои заедно конкурираат велат овој тендр нема никаков смисол. И ние овде во конкретни случаи во соработка со владата и министерствата им упативме што се прави овде. Тоа доведе до таму да се откажат одредени тендери, да запрат - рече Мартенс.

Мартенс откри дека има интерес за инвестирање во земјава од компании од машинската и автомобилската индустрија, не само од Германија, туку и од САД и Австрија. Германија е наш најголем трговски партнер и размената лани достигна 3,6 милијарди евра.

0 Коментари

Остави коментари