Германските експерти со македонски тим обвинители на увид во остатоците од модуларната болница во Тетово
Тимот од германски експерти кој вчера пристигна во земјава денеска е на терен во Тетово. Со македонскиот тим на обвинители од утринава ги истражуваат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово.
Германскиот тим од федералната криминалистичка служба е составен од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.
Македонските власти ги чекаат сите детали за да постапува по најавените оставки на министерот за здравство, Венко Филипче, неговиот заменик и раководството во тетовската болница.