Германскиот парламент вечерва ќе ја гласа резолуцијата за поддршка на Македонија
Германија сака да ја зацрта позицијата во однос на македонскиот јазик и идентитет, затоа Бундестагот вечерва ќе гласа Резолуција за земјава, вели специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, во интервју за Телевизија 24.
Запрашан дали Официјален Берлин ќе влијае врз Бугарија за идни можни блокади, тој вели дека Германската влада има континуирани разговори со Бугарија им ја пренесува германската позиција и како треба да се однесуваат во однос на Македонија. Сарацин вели - можеби не се согласуваме во разговорите со бугарските власти и политичари, но позитивно влијаеме.
- Германскиот дипломат вели дека раговарата и се отворени за разговори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не секогаше се согласувале и порачува, нема да има друга преговарачка рамка. За македонските власти резолуцијата на германскиот парламент е потврда за македонскиот инденитет, со најава дека и други земји членки ќе го следат овој пример. И екпертите во земјава очекуваат ваквиот потег да го повторат и други земји членки, како и САД. Резолуцијата која е насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ е со цел поддршка за членство во ЕУ, на македонскиот јазик и идентитет. Дебатата е најавена за вечерва. На официјална страница на германскиот Бундестаг, објавена е илустрирана фотографија каде на средината од сложувалката со европско знаме, стои македонското знаме. - изјави Сарацин.