Германскиот канцелар Мерц со нов ЕУ план: Украина - асоцијативна членка, Западен Балкан - привилегиран набљудувач со забрзана постепена интеграција
Германскиот канцелар Мерц со нов ЕУ план: Украина - асоцијативна членка, Западен Балкан - привилегиран набљудувач со забрзана постепена интеграција.
Според германски Билд - во писмо испратено до претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, шефицата на Европската комисија, фон дер Лајен, и до кипарското претседателство – Мерц порачува дека е потребно политичко решение и дека неговата идеја не е замена за процесот на преговори туку мост до полноправно членство.
Идејата на Мерц е Украина да има еврокомесар без портфолио, европратеници без право на глас и да учестувува на состаноците на Европскиот Совет и Советот на ЕУ без право на глас.
- Немаме време за понатамошни одложувања. Предлагам понатамошна дискусија за идејата за „придружно членство“ за Украина.
За Западен Балкан и Молдавија, пак, предлага водедување на интеграција - фаза по фаза, со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар. Предлага тн. „градење блокови“ за усогласување со европското законодавство и зголемена финансиска и техничка поддршка.
-Би можеле да предвидиме значајни чекори за овие земји на нивниот пат кон членство, со на пр. привилегиран пристап до единствениот пазар и поблиски врски со европските институции во секојдневниот процес на донесување одлуки, на пр. доделување статус на набљудувач на земјите од Западен Балкан во сите релевантни институции на ЕУ и одржување заеднички седници на Европската комисија или Европскиот парламент со претставници на земјите од Западен Балкан за прашања директно поврзани со регионот.
Предлогот доаѓа од многу високо ниво и не случајно се испраќа на само неколку недели пред Самитот за Западен Балкан во Црна Гора, велат експертите. Според нив, се очекува дискусија за правната форма и долгорочните импликации за ЕУ.
– Мислам дека тој ќе биде основата во наредниот период . Блиску е до она што беше дел од првиот француски нон пејпер во 2019та- пред усвојувањето на новата методологија, бидејки се обидува да се справи и со прашањето за постепено пристапување кон фондовите. За разлика од тогаш , сега временскиот притисок е многу поголем, вели симонида Кацарска директорка на ЕПИ.
Во 2019та пред да се усвои новата методологија, веднаш по француското вето, официјален Париз објави нон пејпер, преку кој - наместо класично отворање и затворање поглавја, се предлагаа 7 етапи на пристапување, а кандидатките имаа можност и за пристап до структурните фондови на ЕУ – идеја која не беше прифатена од членките.
Последните два дена , пак , пет ЕУ членки – Австија, Италија Словенија, Чешка и Словачка иницираа предлог – системска секторска интеграција со пристп до европскиот единствен пазар.

