Официјален Лисабон ги крева македонските надежи за преговори со ЕУ во следните 6 месеци. Додека Бугарија се спрема за политичка кампања, предизборни ветувања и нови стрели кон македонскиот идентитет, Португалија најавува почеток на политички контакти со Скопје и Софија.
Дали зад португалскиот параван стојат германски потези или пак се сведува на формалности кои носат празни надежи.
- Започнавме со политички контакти со Република Бугарија и Република Северна Македонија за да успееме да изнајдеме пат кон отворање на процесот, и за време на нашето претседавање да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, но и со Албанија. - вели Ана Паула Закариаш Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ.
Португалија во првите 10 дена од своето претседавање со ЕУ, испрати различни пораки за проширувањето и македонско-бугарскиот спор. Првата беше од португалскиот амбасадор во ЕУ, кој кажа дека Софија не треба да се обвинува дека е кочничар на проширувањето и дека Западен Балкан нема да биде во фокусот следните 6 месеци. Два дена подоцна шефот на португалската дипломатија кажа дека меѓувладините конференции на Скопје и Тирана со ЕУ, ќе бидат приоритет на нивното претседавање со Унијата.
Експертите, ваквите изјави ги протолкуваа како избрзани, неурамнотежени и дека тоа се должи на фактот што Потугалија нема доволно познавања од регионот.
Бугарија пак наголемо се спрема за избори, а премиерот заев најави дека политичките преговори ќе продолжат со новата бугарска влада. Тој вчера порача дека во овој период ќе се спроведуѕва Акцискиот план и ја остави јавноста во недоумица дали скопје и софија имаат направено компромис зад затворени врати.
Веднаш потоа од Владата и МНР се дообјаснуваа дека нема усогласен акциски план меѓу Македонија и Бугарија. За разлика од нив, од кабинетот на Захариева останаа воздржани и се изјаснија дека нема да коментираат.
0 Коментари