Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, сака да го отвори патот кон побрзи и независни воени мисии на ЕУ
Foto

Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, сака да го отвори патот кон побрзи и независни воени мисии на ЕУ

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, по изборите за Бундестагот во нејзината земја, сака на партнерите од ЕУ да им понуди предлог за организирање побрзи и независни воени мисии под чадорот на Европската унија, јави ДПА.

-Мислам дека членот 44 од Европските договори ни дава шанса за заеднички одлуки на ЕУ и имплементација на европските мисии преку коалиции на волјата во земјите-членки, рече конзервативната политичарка за саботното издание на Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ).

„Подготвуваме предлог за ова, што треба да се најде на маса на состанокот на министрите за одбрана пред крајот на октомври.

ДПА објаснува дека членот 44 предвидува Советот на ЕУ да може да го довери спроведувањето на мисијата на група земји-членки кои тоа го посакуваат и кои ги имаат потребните способности за таква мисија. Според предлогот, не мора сите држави од ЕУ да учествуваат директно во таквите мисии.

-Доколку Европејците сакаат да бидат сфатени сериозно и да бидат кредибилни, тие мора да бидат способни да дејствуваат веродостојно, рече Крамп-Каренбауер. „Може да има ситуации во кои имаме различен сет на интереси, исто така иво рамките на НАТО“, додаде таа.

Затоа таа предлага во ЕУ да се конкретизира за тоа, како што кажа, како да се донесуваат одлуките, кој ќе ја предводи мисијата, кои единици се наменети за тоа, какви сили за поддршка.

0 Коментари

Остави коментари