Германска комора: Компаниите од земјава кои соработуваат со партнерите од Германија веќе имаат намалени нарачки
Компаниите од автомобилскиот секотр од земјава имаат намалени нарачи од Германија, потврдија и од Германска стопанска комората во Македонија. Но сиглалите кои доаѓаат од најмоќната европска економија се дека во вториот квартал од 2025 година состојбите ќе се подобрат и очекувањата се дека кризата полека ќе биде надмината.
Од комората додаваат дека сегашната германска криза треба да се искористи како шаљнса за Македонија, бидејќи големите компании од Германија се во потрага по нови пазари, и тоа пазари кои имаат искуство во производството поткрепено со квалификувана работна сила и квалитетни производи. Македонските граѓани кои работата во компании со германски капитал да бидат спокојни за нивните плати и работните места, потврдија од комората.
„Нам како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори планираат да ги намалат работните места. Во изминатата година имавме голем број на реинвестиции како во автомобилската индустрија така и во други сектори, Така да, сметам дека прогнозата што следи станува позитивна и нема потреба од грижа.“ - Антје Ванделт директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство.
Од Стопанската комора велат дека геополитичките турбуленции кои се случуваат не само во Европа, воените жаришта, промената на власта во САД, имаат големи влијанија врз глобалната економија. Претседателот на комората Бранко Азески предлага платформа преку која со здружени сили ќе се пребродат овие предизвици, а особено кризата во Германија.
-Многу внимателно треба да одиграме во 2025 година, од тие последици треба кои можат да дојдат како надворешни. Сите треба да бидеме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме. - Бранко Азески претседател на Стопанска комора.
Последните податоци велат дека извозот од Македонија за Германија на годишно ниво е намален за близу 400 милиони евра. Властите веќе најавуваат дека се во потрага по нови пазари се со цел македонската економија да не почувствува силен удар од моменталната криза во германската економија. Како главна причина за ова економско цунами што и се случува на Германија е откажувањето од, за нив евтините руски енергенски.