Германија и Франција демонстративно ги напуштија преговорите за СЗО поради САД
Foto

Германија и Франција демонстративно ги напуштија преговорите за СЗО поради САД

Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформа на Светската здравствена организација, фрустрирани од обидите на САД да води преговори иако одлучи да ја напушти таа организација.

Нивниот потег е удар врз американскиот претседател Доналд Трамп, зошто Вашингтон, кој моментално претседава со групата г7, се надеваше дека во септември ќе објават заеднички план за сеопфатна реформа на СЗО, два месеци пред претседателските избори во Америка.

САД во јули ја извести СЗО дека ја напушти на година дена, откако Трамп ја обвини дека е премногу блиска со кина и дека лошо управува со пандемијата од коронавирус.

СЗО ги отфрли сите обвинувања. Европските влади исто така ја критикуваат сзо, но не одат толку далеку како Вашингтон.

 

0 Коментари

Остави коментари