Германија: Билатералните проблеми не треба да се во преговарачката рамка
Foto

Германија: Билатералните проблеми не треба да се во преговарачката рамка

Бугарија притиска, ЕУ одлучува, а Германија силно лобира. Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка со ЕУ, вели германската амбасадорка во земјата. 

Додека земјите – членки со недели го анализираат предлогот на ЕК, за тоа како треба да се водат преговорите, Македонија се соочува со нови сопки на патот. Ни помалку, ни повеќе – Официјална Софија, која цело време се декларира како голем поддржувач и пријател.

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн во врска со Меморандумот на источниот сосед, порачува дека Германија, очекува првата меѓувладина конференција на Македонија да се случи во декември. 

„Бугарија ги кажа тие барања на останатите земји членки на почетокот на август. Наше мислење, а според мои сознанија и мислење на други земји членки, е дека билатерлани односи не треба да се ставаат во преговарачка рамка. Билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија отсекогаш била голем поддржувач на европските интеграции на регионот чиј дел е, секако, и Северна Македонија. Од суштинско знаење за Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата во овој регион.“ - изјавиАнке Холштајн  амбасадорка на Германија.

Премиерот Заев останува оптимист. Тој  е уверен дека ќе се најде решение за несогласувањата околу Гоце Делчев со Бугарија, но македонскиот јазик и идентитет се неспорни и тука нема место за дебата. 

„Посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет се неспорен факт, македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации и дел од многуте прифатени признаени модерни јазици кои се изучуваат на универзитетите во целиот свет. Во 21 во Европа прифаќањето на минатото, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика и вистинско градење на пријателство. Тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи.“ - изјави Зоран Заев премиер на РСМ.

Во меѓувреме, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огласи пратеникот Антонио Милошоски. Тој денеска објави на фејсбук дека е испратено барање до МНР.  Бара информација до Парламентот за бугарскиот Меморандум, како би се закажала седница на Комисијата за Надворешни работи и го кани министерот Османи да присуствува на истата. 

„Информација за Меморандумот кој го засега јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија.“ - изјави Антонио Милошоски.

Шефот на дипломатијата Османи, вчера не сакаше да го коментира Меморандумот од 6 страници на Бугарија,  бидејки министерството за надворешни работи се уште не го добило, но рече дека не е време за притисоци и негативна реторика.

0 Коментари

Остави коментари