Герила акција пред министерството за животна средина и просторно планирање

Иницијативата „Стоп за Усје“ преку герила акција од пред министерството за животна средина порачаа дека будно ќе го следат процесот за продолжување на еколошката дозвола на Цементарата Усје која ќе трае седум години.

Од пред министерството порачаа дека при издавањето на дозволата треба да бидат земени предвид и нивните досегашни барања односно јасно да се постават граници за транспарентно објавување на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот.

Мери Бакалова, иницијатива „Стоп за Усје“

- Денес сме собрани тука со една цел а тоа да им покажеме на одговорните и дека таа јавна расправа мора да биде организирана и да се прифатат сите наши забелешки. Она што ние го бараме во оваа нова А интегрирана дозвола е тоа дека треба да биде усогласена со европските регулативи и со СЗО. 

Од министерството за животна средина велат дека ќе организираат јавна расправа за постапката за обновување на дозволата на УСЈЕ на која ќе бидат поканети и од иницијативата „Стоп за Усје“.

Министерство за животна средина и просторно планирање

На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, меѓу кои и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност.Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. Преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните

Од Цементара Усје пак, се со истиот став. Велат дека фабриката не е главен загадувач на главниот град.

Иницијативата „Стоп за Усје“ веќе неколку пати организираше протести и блокади поради загадениот воздух во Скопје, кој според нив, најмногу е поради работата на Цементара Усје.