Герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање
Утре е крајниот рок кога „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола. Токму утре иницијативата „Стоп за Усје“ повикува на герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање, со почеток во 13:00 часот.
Од „Стоп за Усје“ велат дека со оваа А-интегрирана еколошка дозвола, која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе важи во наредните седум години, се одредува под кои услови смее да работи фабриката.

