Герасимовски за ТВ 24: Расте бројот на младото население кое заминува од земјата

Демографот Дончо Герасимовски во емисијата 24 анализа рече дека во демографските фактор и движења е изработуваат и издаваат податоци за живородени и умрени и миграционите движења, внатрешни и надворешни.

- Последните години исселувањето зема големв замав во западноевропските земји и тоа доведува до големи демографски промени во земјата. Се намалува наталитетот во земјата од која се исселуваат. Согласно анализите кои се прават се доаѓа до одредени сознанија и во најголем дел последните години исселувањето освен што зема замав, расте бројот на младото население. Околу 45% од населението од нашата земја кое заминало надвор е младо население. Голем број на деца се раѓаат надвор од земјата. Во земјата останува старото население. - рече Герасимовски.