Герасимовски во СТУДИО 10: Гледаме дека се покачуваат цените, па потребно е зголемување на одредени плати

Гледаме дека се покачуваат цените, па потребно е зголемување на одредени плати. Граѓаните реагираат кога станува збор за покачување на платите, па ние наоѓаме начини да не трошиме за патни трошоци и репрезентации. Лани овие средства ги префрливме во програмата за социјална грижа. Треба да почекаме да видиме колкаво ќе биде тоа полачување според одлуката на Уставниот суд, вели Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар во СТУДИО 10 на ТВ 24.

-Ние се трудиме да ја смениме перцепцијата на граѓаните дека функционерите не живеат само од плата, вели Герасимовски.