Георгиевски за тв 24: Во Расадник ќе направиме ботаничка градина
Петар Георгиевски - Камиказа кандидатот поддржан од Левица во емисијата 24 анализа истакна дека кога ќе се направи одредена градба, таа треба да се зачува без разлика каква била нејзината намена.
- Не смееме да фрламе на ѓубриште нешто што е наша историја, без разлика дали таа е доблесна или вршела пресија врз народот. Никако да се уништува нешто што е веќе направено. Ние за да ги забраниме урбаните мафиозите да градат, во Расадник ќе направиме ботаничка градина која нема да ја откорнат и ќе го облагородиме просторот. Универзалната сала ќе се вратиу, Луна паркот, Саемот и сите оние кои се занимаваат со спорт. - вели Георгиевски.

