Георгиевски за ТВ 24: Внесувањето на на Бугарите и другите е дел од филозофијата на Македонија уште од Илинденското востание
Љубчо Георгиевски во емисијата 24 Отворено за уставите измени рече дека по тоа прашање е јасен и вели дека без сомнение во овие уставни промени има чувство на уцена и од бугарска страна и од страната на ЕУ.
- Македонија во овие 30 години под притисок, направи десетина крупни промени и сите тие беа потешки и се одразуваа на она што се нарекува суштина на Македонија. Она што сега себара се внесувањео на Бугарите заедно со уште други пет народи во преамбулата. Ова ја претставува најбезболната промена за Македонија и не знам зошто некои политички партии тоа го драматизираат. нема никаква драма во оваа уставна прмена и нема повреда на македонскиот индетитет и тоа е димензијата на делот што треба да го направиме кон ЕУ. Ние треба да размислуваме дека внесувањето на на Бугарите и другите е дел од филозофијата на Македонија уште од Илинденското востание, на еден широк концепт. - вели Георгиевски.