Георгиевски за тв 24: Скопје никогаш не бил толку валкан и хаотичен град

Петар Георгиевски - Камиказа кандидатот поддржан од Левица во емисијата 24 анализа, истакна дека Скопје никогаш не бил толку валкан и хаотичен град. Потенцираше дека се случуваат сообраќајни несреќи од негрижа за градот каде има тесни улици. Не е направено ништо.

- Немаме тоалети низ парковите низ кејот. Луна паркот е направен само пустина, на генерација на деца им е одземено детството. На Скопје му треба градски саем каде ќе се вратат сите работи за да Скопје живее како метропола. - вели Гергиевски.