Георгиевски: Времето на убедување и молење заврши, се бројат деновите кога во Охрид ќе се рушат сите дивоградби
Се бројат деновите и многу скоро ќе почне рушењето на дивоградбите во Охрид. Сите кои имаат бесправно изградени, платформи, тераси, бетонски бази час поскоро сами да почнат со остранување, порача денеска градоначалникот Георгиевски и вели никој нема да биде поштеден ќе се руши апсолутно се, охридското крајбрежје до крајот на месецов ќе почне да се враќа во првобитна положба.
Тој најави од утре излегуваат инспекторите на терен, а освен за платформите, ќе изготвуваат налози и за објектите, тоа што ќе се утврди дека е нелегално ќе добие рок од 10 дена да се сруши.
Георгиевски е дециден и вели времето на молење и убедување заврши, за да нема нови проблеми уште еднаш апелира сите кои имаат дивоградби сами да ги срушат.
А веднаш откако крајбрежјето ќе се врати во нормала, ќе се одлучува како и со што ќе се заменат платформите, за да нема штети врз туризмот, како што велат угостителите.
Бројот на големи објекти кои ќе бидат срушени месецов е околу 10-тина. Меѓу нив се споменувааат имињата на хотелот во Лагадин, дивоградбата кај чинарот и базата на Нефи, угостителските платформи, но и уште многу други чиј конкретен број засега е непознат.

