Георгиевски: Ќе направиме се’ да ја спречиме спорната одлука за градење на Водно
Град Скопје ќе прави ревизија за одлуката да се гради на Водно. Градоначалникот Орце Горгиевски изјави дека градот ќе ги преземе како што рече сите мерки одлуката за спорниот ДУП за Барутана, на кој реагирата дел од советниците и екологисти да се повлече. Георгиевски ја прозва Општина Центар.
Оттаму пак велат дека утре ќе има јавна презентација на нацрт ДУП за Барутана, и ги повикувата граѓаните да се вклучат со свои предлози. Општина Центар ги известува граѓаните дека утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на Нацрт – деталниот урбанистички план за градска четврт Ј 05 – Барутана, соопштуваат од Центар.

